Полициите на Велика Британија, Франција и Белгија изведоа денеска серија операции чија цел е разбивање на криминален синџир на трговија со луѓе, а само во Велика Британија 26 лица се уапсени.
Претставници на британската Агенција за погранична контрола извршија рации на 35 адреси во Англија, Шкотска, додека околу 40 рации се извршени во Франција и во Белгија.
– Веруваме дека станува збор за една од најголемите операции од овој вид што се некогаш изведени во Велика Британија, рече претставник на агенцијата Крис Фостер за операцијата во која учествуваа нас 150 полицајци.
– Сметаме дека успешно „разбивме“ добро организирана мрежа која беше вклучена во системски обиди да се избегнат британските имиграциски контроли, додаде британскиот претставник.
Британската полиција уапси 26 луѓе, од кои шестмина се осомничени дека го прекршиле законот за имиграција.
Апсењата се извршени во Лондон, Глазгов, Бирмингем, Ковентри, Хемпшир, Манчестер, Петерборо, Шефилд и други градови. н