Голема лавина на Монт Еверест, исчезнаа тројца непалски водичи

Од:

Тројца непалски водичи исчезнаа на Монт Еверест откако денеска лавина ги затрупа во процеп длабок 50 метри, изјави претставник на Непалскиот оддел за туризам.

Лавината ја погоди најпопуларната рута на југоисточниот гребен до врвот на Хималаите, највисоката планина во светот, објави Ројтерс.

Тројца водичи, кои носеа опрема за качување за своите клиенти, налетаа на лавина на неодредена локација помеѓу базниот камп на долните делови на планината и базниот камп Еверест, која за време на сезоната на искачување, помеѓу март и мај, се претвора во вистински мал шаторски град.

Местото погодено од невремето се наоѓа помеѓу два кампа на надморска височина од 5.350 до 6.050 метри.

„Падна блок снег и ги затрупа“, рече претставникот на Одделот за туризам Џубарај Хативада.

Тој рече дека бил мобилизиран хеликоптер во потрага по шерпасите, за кои се верува дека паднале во процеп длабок 50 метри и останале закопани таму.

Денешната катастрофа е прва на Монт Еверест во овогодинешната сезона на искачување, кога стотици странски алпинисти доаѓаат на Хималаите во обид да стигнат до „покривот на светот“, на височина од 8.849 метри.

Во 1953 година, Новозеланѓанецот Сер Едмунд Хилари беше првиот што се искачи на Монт Еверест, придружуван од шерпасите Тензинг Норгај, и оттогаш тоа го направија илјадници луѓе, додека досега загинаа околу 300 алпинисти.

Би можело да ве интересира

Приведен радовишанец кој превезувал осум мигранти од Непал

A1on

Најмалку 100 луѓе загинаа во поплавите во Непал, 67 се водат како исчезнати

Повторно избегаа Непалци вработени во фирма во Охрид

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се урна авион во Непал, 18 мртви

Во Скопје „исчезнаа“ работници од Непал

Горан Наумовски

Десет работници од Непал исчезнале од Скопје и од Тетово за неколку часа

A1on