Голема измама во Австрија: Македонец и Романка „олеснија“ постара жена за десетици илјади евра

Од:

Австриски пар ја измамиле својата 81-годишна познаничка за вкупно 120.000 евра користејќи низа измами. Двајцата родители на четири деца, со претходни осудувани лица, успеале да ја добијат довербата на постарата жена, која потоа сериозно ја злоупотребиле. Според австриските медиуми, парите ги снемало, а парот добил условни казни на суд.

38-годишен маж од Македонија и 30-годишна жена од Романија се појавиле во судницата во Салцбург, заедно со бебе и мало дете. Судијата забележал дека е несоодветно да се изведат децата на суд. Обвинителството ги обвини за тешка комерцијална измама, со дополнителни индивидуални обвиненија, таткото за клевета, а мајката за кражба.

Во септември 2024 година, парот побарал од постарата жена заем од 3.000 евра.

– Обвинетите набрзо сфатиле дека можат да добијат многу повеќе од жртвата – рече обвинителот.

По првото позајмување, следеле нови барања, прво 47.000 евра на пет рати, а потоа измислија приказна за купување земјиште во Романија и побараа уште 70.000 евра, тврди обвинителот.

– Наводниот имот во Романија никогаш не постоел – нагласи обвинителот.

Двојката ѝ ветила на жената дека ќе ги врати парите, па дури и потпишале меница за неа, но во исто време продолжиле да вршат притисок врз неа преку писма да им даде повеќе пари во готово. До февруари 2025 година, тие успеале да ја измамат за вкупно 120.000 евра. Одбраната објави дека обвинетите ќе се изјаснат за виновни.

Во судницата, таткото на семејството рекол дека финансиската состојба на нивното семејство е многу лоша, наведувајќи ги трошоците за нова кујна и два изнајмени автомобили.

Кога судијата го прашал како планира да ја надомести штетата, тој одговорил:

– Тоа во моментов не е можно. Жал ми е и би сакал да ѝ се извинам на 81-годишната жена.

Жртвата сепак, одби да го прифати неговото извинување.

Би можело да ве интересира

Лажен лекар од Дојран олесни пензионерка од Кавадарци за речиси 5.000 евра

Горан Наумовски

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

Силна снежна бура ја парализира Австрија: Автобус затрупан од лавина, привремено стопирани се летови во Виена

Лажен лекар измами жена за 3.000 евра

Интернет измама со ликот на вицепремиерот Мали: Не наседнувајте на страници што ветуваат лесна заработка!

А1он