Голем пожар во зградата на руското Министерство за одбрана во Москва, горат сите катови

Од:

 Руското Министерство за вонредни ситуации испратило повеќе од 250 лица за гасење на пожарот во зградата на Министерството за одбрана во Москва, што прво беше локализиран, но потоа повторно се распламти и ги зафати сите катови, пренесува ТАСС.

-Сега на лице место во гасењето на пожарот учествуваат 253 лица и 72 возила, вклучувајќи и 17 подвижни скали, а тие ќе бидат и дополнително зголемени, соопштено руската агенција повкувајќи се на прес службата  на Министерството за вонредни ситуации и додава дека засега нема било какви податоци за евентуални жртви.
Пламенот е проширен на сите катови од зградата во центарот на руската престолнина. Стихијата зафати површина од 3.500 квадратни метри од зградата Знамењки, во центарот на Москва.

-Огнот се прошири на сите катови од старата зграда во Знамењки. Повикани се повеќе од 30 пожарникарски и спасувачки екипи, наведе извор од полицијата за ТАСС.
Претходно руската агенција јави дека пожарот, што изби утринава на третиот кат од зградата на Министерството за одбрана на Русија, е локализиран и дека причината била кратка врска.

-Денеска околу десет часот чад беше откриен во техничката соба на административната зграда Знамењки, која во моментов се обновува.

Противпожарните бригади, кои пристигна во зградата открија чад.

-Немаше жртви, наведе прес службата на московската полиција.

На местото на пожарот пристигнаа началникот на Генералштабот на руската армија Валериј Герасимов, првиот заменик министер за одбрана Руслан Цаликов и заменик министерот за вонредни ситуации Александар Чупријан, како првиот заменик градоначалник на Москва Пјотр Бирјуков.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски