Голем пожар во Дака, изгоре комплекс за малопродажба на текстил со 3.000 продавници

Од:

Пожарникарите и војската се борат со огромниот пожар што беснее во комплекс за малопродажба на текстил со 3.000 продавници во главниот град на Бангладеш, Дака, соопштија официјални лица.

Засега нема жртви во пожарот, кој започна во раните утрински часови, но војската беше повикана да помогне откако пламените јазици брзо се проширија во преполната област Бангабазар, дом на познатиот текстилен пазар во земјата, извести Ројтерс.

Службеникот на противпожарната служба Рашид Бин Калид за британската агенција изјавил дека 50 противпожарни единици работат на гаснење на пожарот, чија причина засега не е позната.

Повеќето од продавниците изгореа во пожарот, а не се знаеше дали има луѓе заробени внатре, бидејќи пожарот избувна во раните утрински часови пред повеќето продавници да бидат отворени, рече Калид.

Чад ја зафати целата област и пламенот се издигнува од комплексот, што ја отежнува спасувачката операција, изјави претставник на противпожарната служба.

Трговците во Бангабазар, каде што има претежно продавници за текстил, се снабдиле за празникот Бајрам, а поголемиот дел од нивната стока е уништена во пожарот, објави Дејли Стар.

Би можело да ве интересира

Обвинение за намерно предизвикување пожар во кафуле во Кисела Вода

Предраг Петровиќ

Пожар во Кавадарци: Изгоре дел од куќа

Двајца станари, пожарникар и полицаец се повредени во пожарот во зграда во Кисела Вода

Катерина Ѓуровски

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Пожар во куќа во центарот на Куманово

Две хаварисани возила изгореа во кругот на струмичката болница