Астероидот 1998QЕ2 со должина од околу 3 километри се очекува да помине близу до Земјата, на 31-ви мај во 20:59 часот.
Овој голем вселенски камен чија површина е прекриена со мистериозна, леплива и црна материја, е откриен пред 15 години, но научниците не се сигурни од каде потекнува.
Астрономите планираат од 31-ви мај до 9-ти јуни да го следат неговото движење.
Се очекува астероидот на 31-ви мај да биде на одалеченост од околу шест милиони километри од Земјата, поради што научниците истакнуваат дека нема можност да ја погоди планетава.
Елена Георгиевска