Годишнината од смртта на Хавел ќе се одбележи со „виткање на ногавиците“ на пантолоните

Од:

За одбележување на годишнината од смртта на Вацлав Хавел, на 18-ти декември, на социјалните мрежи е покрената иницијатива за симпатично покажување почит кон поранешниот чешки претседател, јави дописникот на МИА од Прага.

Кампањата „да ги завиткаме ногавиците на пантолоните“ ги повикува луѓето заеднички да потсетат на Хавел и на времето на почнување на неговиот претседателски мандат во поранешна Чехословачка.

Снимките од тоа време, во 1989 година по „Кадифената револуција“ и падот на комунистичкиот режим, за кои и самиот Хавел често пати се шегуваше, покажуваат дека неговите пантолони се кренати високо над струкот и ногавиците му достигнуваат едвај над глуждовите.

Неколку години подоцна, поранешниот дисидент и борец за човекови права се обиде да ја објасни „националната анегдота“ со неговите кратки ногавици.

– Секој маж знае дека треба да ги повлече ногавиците одвреме навреме за тие да се вратат во првобитната положба, објасни Хавел, додавајќи дека цел живот луѓе од целиот свет го прашувале за кратките ногавици.

„Митот“ за пантолоните на Хавел, исто така, го коментираа и создавачи на теории на заговор, кои кратките „претседателски ногавици“ ги објаснуваат со поврзаноста на Хавел со масоните.

Според нив, пантолони со пократки ногавици се облекуваат при доделување на повисоки рангови во масонската организација.

Вацлав Хавел почина минатата година, на 75-годишна возраст по долготрајни здравствени проблеми со респираторните органи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Торнадо во Чешка подигна трамболина, а камењата летаа насекаде

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски