Годишнина од владеењето на Франсоа Оланд

Од:

Францускиот претседател Франсоа Оланд одбележува годишнина од победа на претседателските избори и ветувањата за трансформација на државата.

Критикуван и од власта и опозицијата, тој ја истакна важноста на враќање на стратегијата на десетгодишната инвестициска програма во дигиталните и други нови технологии, алтернативната енергија, здравството и инфраструктурата, пренесе „Франс прес“.

-Новите реформи длабоко ќе го променат имиџот на Франција. Доста постигнавме за оваа година, но има уште многу да се направи, им рече Оланд на своите министри и нагласи дека „идната година ќе биде година на резултати“.

Оланд ја одбележува годишнината од победата над десничарот Никола Саркози, како најнепопуларен претседател во француската модерна историја.

Социјалистичкиот претседател ја плати високата политичка цена поради тоа што не успеа да го оживее стопанството и да го спречи растот на невработеноста.

Француските дневни медиуми пишуваат за првпат за Оландова годишнина со изрази на критика.
Дури и левичарскиот „Либерасион“ на првата страница го опиша Оланд како „Осамен човек“, пренесува француската новинска агенција „Франс прес“.

-Година дена по изборот на Франсоа Оланд, Франција е во политичка, економска, социјална и морална криза, истакна „Либерасион“ и додаде дека Оланд не е во состојба да ја придобие довербата на своите сонародници.

Поради се поголемиот број критики на владата многумина предвидуваат дека се можни реконструкции во кабинетите во текот на летото.

Повеќе десетици илјади левичарски демонстранти вчера излегоа на улиците во Париз и го обвинија Оланд дека се одалечува од социјалистичките принципи, а неколку илјади луѓе демонстрираа ширум Франција против владиниот предлог закон за легализација на хомосексуалните бракови.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина