Годишен состанок на ЦЕФТА во Тирана – се очекуваат нови договори

Од:

Таканаречената недела на ЦЕФТА, годинава се одржува во Тирана, каде што утре се очекува засилување на регионалната соработка преку серија нови договори на земјите членки, меѓу кои е и Северна Македонија.

Меѓу договорите, како што се дознава од Секретаријатот на ЦЕФТА, се очекува да биде потпишан и Дополнителниот протокол 6 за трговија со услуги, што е многу важен за компаниите и организациите бидејќи ќе ги отвори сите седум пазари за трговија со услуги и ќе отвори можност за понатамошна економска интеграција. Со ова се очекува и признавање на специфични лиценци, дипломи, олеснување на е-трговија и друго.

Повеќето договори подготвени од Мешовитиот комитет на ЦЕФТА се усогласени на техничко ниво, а утре треба да бидат одобрени од претставниците на земјите членки, со што би се дало поттик на натамошната либерализација на регионалната трговија, на услугите и поттик на инвестициите.

Се очекува да биде усвоена и „Стратегијата за управувањето со царинскиот ризик ЦЕФТА 2020-2024“, која треба да понуди алатки за зголемување на довербата меѓу земјите, зголемување на ефикасноста на царинските процедури и намалување на потребното време за тоа, со што би се дошло до поевтинување на производите.

Еднодневната конференција под име „Претворање на предизвиците во можности“, која се очекува да ја отвори албанскиот премиер Еди Рама, ќе има и четири панел дискусии: „Регионална економска интеграција денес и утре“, „Зајкнување на регионалната трговија: напредок и следните чекори“, „Либерализација со трговијата со услуги – нова рамка“ и „ЦЕФТА 2020: заедничка визија кон иднинаната“.

ЦЕФТА е централноевропски договор за слободна трговија кон кој во моментов припаѓаат Албанија, Босна и Херцеговина, Молдавија, Црна Гора, Косово, Србија и Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Електронската трговија и дигитализацијата играат клучна улога во развојот на пазарот на ЦЕФТА

Данијела Гачевиќ на чело на Секретаријатот на ЦЕФТА

Ана Ололовска

ЦЕФТА го претстави Дополнителниот протокол 6 за трговија со услуги пред македонските стопанственици

Ана Ололовска

Транспортната заедница и ЦЕФТА ја повикуваат Грција да ги изземе возачите на камиони од мерките со Ковид-19

Ана Ололовска

ЦЕФТА регионот станува еден пазар

Ана Ололовска

Бектеши во Софија на состанок на Берлинскиот процес и ЦЕФТА

Ана Ололовска