Домар на еден стамбен комплекс во Фиренца успеал да спречи крадец во обид да украде бакарна жица, по што повикал полиција, а само ден потоа му понудил работа.
Паоло Педроти во понеделник го фатил пеесет и четиригодишниот Марчел Мучиј во кражба, а во вторник веќе му понудил вработување откако открил дека е невработен и живее од инвалидската пензија на жена му.
Педроти преку локалниот весник „Тирено“ му понуди на Мучиј да го одржува тревникот и да чисти станови за плата од осум евра за час.
Својата порака ја започнал со „Драг крадецу“, а завршил со „Те чекам“. Мучиј веднаш ја прифатил работата.
-Крадев бакар за да направам свеќници, кои потоа ги продавав од врата на врата-изјави сега веќе поранешниот крадец, кој ја прифатил понудената работа.
Елена Георгиевска