Николас Вебер (21) еден од најозлогласените британски хакери, кој во моментов поради измама од 15 милиони фунти се наоѓа зад решетки, успеал да го хакира системот во затворот каде што одлежува казна.
Вебер го урна комјутерскиот систем на затворот „Ајсиз“ во јужен Лондон. Како што пренесуваат британските медиуми, тој во 2011 година е осуден на пет години затвор, а во затворот посетувал часови по комјутери откако успеал да го излаже Мајкл Фокс, затворскиот наставник, велејќи му дека ништо не знае за компјутери.
Фокс после оваа бламажа доби отказ во затворот, на што приложи жалба, која ќе биде разгледувана во април. Сега не може да пронајде друга дополнителна работа, за која тврди дека му е неопходна за да преживее во време на криза.
Иако се уште не е јасно во кој дел на комјутерскиот систем Вебер влегол, меѓу затворските власти се создаде паника.
Управата на затворот потврди дека инцидентот се случил, но одби да го коментира настанот.