Гневна толпа каменуваше христијани во Пакистан заради сквернавање на Куранот

Од:

Пакистанската полиција денеска изведе десетици апсења откако гневна толпа до смрт претепа сопружници христијани и нивните трупови ги изгоре, под обвинение дека го осквернавиле Куранот, пренесоа британските медиуми.

Во пакистанското конзервативно муслиманско општество сквернавењето се смета за сериозен криминал и понекогаш извршителите се линчуваат на самото место на настанот, објаснуваат светските агенции.

Последниот таков инцидент се случи вчера, во село во провинцијата Пенџаб, кога локален верски лидер од минарето на џамијата повикал да се казнат двајцата христијани, затоа што изгореле неколку страници од светата книга на исламот, соопшти полицијата.

По овој повик, пред куќата на 32-годишниот Шехзад Маних и неговата помлада сопруга Шама, се собрала толпа луѓе. Посочената брачна двојка насила била извадена од нивната куќа, претепана до смрт, а нивните тела биле фрлени во печката на локалната туларница, каде работеле двајцата сопружници.

Полицијата соопшти дека уапсила 44 лица, а според неа, инцидентот не е дело на екстрамистичка група, туку се должи на повиците на локалниот мула.

Доколку случај на сквернавање во Пакистан дојде до судот, епилогот дури може да заврши и со смртна казна. Лицата на кои им се суди за таквите дела многу тешко можат да се заштитат затоа што во законот нема точна формулација за сквернавење.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица