Глечерите незапирливо се топат

Од:

Последниве години, топењето на глчерите достигна историско ниво. Затоплувањето на климата се разбира е една од причините, но последните испитувања објавени во научната ревија „The Journal of Glaciology“, покажува дека топењето на глечерите продолжува и во случај на пауза во глобалното затоплување.

Екипата која е задолжена да ги следи глечерите на светско ниво со седиште во Цирих, по собирањето на податоците на теренот, користењето на сателитски снимки и споредувајќи ги со постарите резултати, покажува дека глечерите се топат просечно од 50 сантиметри до еден метар годишно, што претставува два до три пати повеќе во споредба со проучените резултати забележани во 20-от век, пренесува дописникот на МИА од Париз.

Студијата се однесува на стотина глечери во светот, но од сателитските снимки се гледа дека феноменто се однесува на речиси сите глечери, вели директорот на светската служба за следење на глечерите Мишел Земп.

Резултатот од ова испитување доведува до заклучокот дека ритмот на топењето на глечерите во последните дваесет години го промени нивното функционирање, односно тие ќе продолжат и понатаму да се топат, па и во случај ако климата стане постудена.

Обвивката од „вечниот мраз“ која е се помалку раширена и потенка, нема доволно подлога за да ја зачува ниската температура и со тоа глечерите се осудени да се топат со забрзан ритам.

Рекородот на топењето на глечерите кој беше забележан во 1998 година, беше надминат во 2003м 2006 и 2013 година и најверојатно и во 2014.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Климите од Арсовска ги нема: Граѓаните на плус 40 се возат со отворени врати

Орце Костов

Еуметсат лансира нов европски метеоролошки сателит

Ана Ололовска

Тимерманс: Без одлука наместо лоша одлука на КОП27

Ана Ололовска

Светските музеи изразија загриженост по нападите на климатските активисти

Ана Ололовска

Климатолозите тврдат дека летниот мраз на Арктикот ќе исчезне до 2050 година

Ана Ололовска

Нов извештај на СМО: Температурите во Европа растат двојно побрзо од остатокот од светот

Ана Ололовска