Податоците што покажуваат дека руската вакцина Спутник против коронавирус е 92 проценти ефекасна се добредојдени, но треба да се направат повеќе студии за да се покаже дали администрацијата на дози од различни вакцини може да биде ефикасна, изјави денеска главниот истражувач на АстраЗенека Мене Пангалос.
Клинички испитувања кои комбинираат дози на АстраЗенека и Спутник веќе се во тек и користат техника позната како хетерологно засилување.
– Сметам дека сите податоци или каква било вакцина што покажува високо ниво на ефикасност е охрабрувачка, затоа што ни е потребно да дејствуваат сите вакцини, изјави Пангалос пред новинарите на прашањето за резултатите на Спутник V.