Гласање доверба на британскиот премиер Џонсон

Од:

Конзервативните британски пратеници денеска од 19 до 21 часот ќе му гласаат за доверба на Борис Џонсон. Доколку Џонсон ја загуби довербата, ќе биде сменет од премиерската функција, а потоа ќе се донесе одлука за негова смена.

Изгласување доверба побараа најмалку 54 конзервативни пратеници. Но, за гласање недоверба ќе биде потребно мнозинство од најмалку 180 конзервативци, наведува Би-Би-Си.

Десетици конзервативни пратеници изразија загриженост за тоа дали Џонсон (57) би можел да продолжи да ја води Велика Британија, која се соочува со ризик од рецесија, зголемување на цените на горивото и храната и моментално сообраќаен хаос во Лондон поради штрајкот. Џонсон неодамна беше критикуван и за кршење на мерките за време на пандемијата на Ковид-19.

Најмалку 54 конзервативни членови на парламентот мора формално да поднесат барање до претседателот на Комитетот на партијата за да почен процедурата за гласање доверба.

Писмата се доверливи, па само претседателот на комисијата знае колку всушност биле доставени.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Борис Џонсон планирал напад на холандската фабрика за вакцини против корона

Борис Џонсон: Уверен сум дека Трамп ќе помогне да се стави крај на војната во Украина

Борис Џонсон доби осмо дете: На својот син му даде необично име

Борис Џонсон ќе пишува мемоари за периодот додека беше премиер на Велика Британија

А1он

Џонсон за еден говор во САД заработи повеќе од 300 илјади долари