Турскиот претседател Абдула Ѓул е на второ место меѓу светските лидери по бројот на следбеници на социјалната мрежа Твитер, по американскиот претседател Барак Обама, соопшти турскиот сајт Ворлд булетин.
Во моментов турскиот претседател има нешто над 3 милиони следбеници на Твитер.
Ѓул, кој има акаунти и на Фејсбук и Јутјуб, е претседател кој ги користи најновите технологии за да оддржува директен контакт со луѓето, забележува Ворлд булетин.
Шефот на државата својот акаунт на Твитер го создаде во јануари 2009 година и на него досега ставил фотографии од свои посети во различни држави и информации за своите програми. Ѓул ставил дури и фотографии од кадилакот што го вози.
Американскиот претседател Барак Обама е на прво место меѓу светските лидери по бројот на следбеници на Твитер со 30 милиони фанови.
Ѓул се најде на второ место во овој ранкинг по смртта на венецуелскиот претседател Уго Чавес, кој имаше четири милиони и 230.000 следбеници, посочува Ворлд булетин.