Гилдеј: Нема да испраќаме воени бродови во Црното Море

Од:

Соединетите Американски Држави не планираат да испратат воени бродови во Црното Море во догледна иднина за да избегнат понатамошна ескалација на тензиите со Русија, изјави началникот на Генералштабот на американската морнарица, адмирал Мајкл Гилдеј.

„Во оваа фаза мислам дека ќе се држиме настрана од Црното Море. Сега, во однос на ескалацијата, во однос на одбраната, тоа е прилично блиску до линијата на фронтот“, рече американскиот воен лидер на семинар во Центарот за стратешки и меѓународни студии во Вашингтон.

Тој, исто така, одговори одречно на прашањето дали Вашингтон размислува да ги префрли пловечките болници „Утеха и милост“ во Црното Море „за да им обезбеди медицинска нега на Украинците“. „Не ја разгледавме (оваа опција)“, рече Гилдеј.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во торнадо во Небраска, стотици куќи оштетени

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

(ВИДЕО) Десетици торнада го погодија централниот дел на САД, има повредени

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија