Германското обвинителство соопшти дека се согласува со спогодба, за завршувањето на судскиот процес против британскиот милијардер Берни Еклстон,сопственик на Формула 1.
Еклстон (83) е обвинет во Германија за корупција и давање поткуп на еден германски банкар.Процесот почна во април годинава и се води пред судот во Минхен,а пресудата би требало да биде соопштена во текот на денешниот ден.
Берни Еклстон е обвинет дека на банкарот му дал 33 милиони евра,за да обезбеди,пакетот акции на Формула 1,што се нашле на продажба, да ги купи една компанија која Британецот ја фаворизирал. Уште пред судењето,а и во текот на процесот.
Еклстон тврди дека не сторил ништо лошо,иако признава дека му ги дал парите на германскиот банкар.
На процесот против сопственикот на Формиуа 1,банкарот кој е веќе осуден за примање поткуп, е „крунскиот сведок“ на обвинувањето. Обвинителство во соопштението вели дека се согласува Еклстон да плати 100 милиони евра и со тоа да се затвори целиот случај и да заврши судењето. Засега нема сознија како на ваквиот предлог ќе реагираат Еклстон и неговите адвокати.За вакво кривично дело обвинетиот би можел да биде осуден со казна до 10 години затвор.