Германско лекарско здружение: Веќе се бориме со вториот бран на пандемијата

Од:

Германија веќе се бори со вториот бран на пандемијата, а здравствените експерти предупредуваат дека неодржувањето хигиена и непочитување на правилата за физичка дистанца придонесуваат за ширење на вирусот.

– Веќе сме во втор бран, изјави Сузана Jона, претседателка на германското лекарско здружение „Марбургер Бунд“.

Во последните неколку недели бројот на потврдени дневни случаи на коронавирус во Германија постојано се зголемува.
Јона ги повика луѓето да се придржуваат кон правилата за одржување физичко растојание и лична хигиена и да носат заштитни маски.

Jона истакна дека болниците се подготвени и постепено ќе обезбедуваат кревети за интензивна нега на пациенти со Ковид-19, а истовремено постепено се намалува бројот на планирани приеми во нормалните одделенија.

Најголемата европска економија досега ја поминува пандемијата со многу помалку смртни случаи отколку некои големи соседни земји, како Франција и Италија, поради масовното тестирање, добро опремениот здравствен систем и придржување кон социјалното дистанцирање.

Во последните 24 часа бројот на потврдени случаи на зараза со коронавирус изнесува 879, со што вкупниот број во земјата достигна 211.281. Регистрирани се нови осум смртни случаи, со што бројот на починати се зголеми на 9.156 лица, покажуваат податоците на Институтот за инфективни заболувања „Роберт Кох“.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски