Германските војници ќе можат и на улица да пукаат

Од:

Уставниот суд на Германија донесе одлука, Вооружените сили на Германија можат да извршуваат воени операции на германска територија во случај на закана со катастрофални размери. Војската нема да може да биде мобилизирана против учесници во демонстрации.

Германските вооружени сили досега можеа да дејствуваат само при природни непогоди или други несреќи, но со сегашната одлука на Уставот тие можат да употребуваат и воени оружја.

Германската армија ќе може во иднина да го употреби своето вооружување на улиците во екстремни случаи.

Големите ограничувања за употребата на војската на германска територија се воведни во германскиот устав по Втората светска војна, односно по падот на нацизмот.

Уставниот суд на Германија истакнува дека армијата и натаму не смее да собори грабнат патнички авион, кој би морале да го пресретнат борбени авиони и да го присилат со истрели за предупредување да слета.

Би можело да ве интересира

„Црниот мраз“ ја парализира Германија: Повеќе од 260 сообраќајки, затворени училишта и патишта

AfD подели илјадници лажни авионски билети на мигрантите за депортација

Ако не е произведено во Дубаи, не смее да се рекламира како „Дубаи чоколадо“, реши суд во Германија

Автобуска несреќа во Германија: Најмалку двајца загинати, има многу тешко повредени

АфД ја именуваше Алиса Вајдел за свој кандидат за канцелар на претстојните избори

Протести против АфД во Германија, полицијата употреби солзавец против демонстрантите