Германските трговци очекуваат слаба продажба за време на празничната сезона

Од:

Германските трговци во голема мера очекуваат слаба продажба за време на претстојната празнична сезона, според анкета на Институтот Ифо со седиште во Минхен.

Околу една четвртина од анкетираните трговци веруваат дека нивната продажба за божиќните и новогодишните празници ќе биде лоша, додека само 10 проценти очекуваат добри резултати.

Според Институтот Ифо, расположението во малопродажниот сектор е значително влошено во споредба со минатата година.

Анкетата покажува дека 42,2 проценти од трговците очекуваат послаба продажба на крајот од оваа година отколку во истиот период во 2024 година, додека 35 проценти очекуваат резултатите да бидат исти како минатата година, а само седум проценти очекуваат продажбата да се подобри во споредба со претходната година.

Повеќето малопродажни сектори влегуваат во сезоната со песимизам, со исклучок на книжарниците, каде што преовладува умерен оптимизам.

Особено загрижувачки се податоците од секторот за играчки, каде што околу половина од трговците очекуваат послаби резултати и покрај традиционално силната празнична побарувачка.

Би можело да ве интересира

Кина ги престигна САД

Лидерката на германската десница: Мирот во Европа е можен само со Русија, Британците се виновни за крвопролевањето

Мерц: Нема да дозволиме AfD да ни ја уништи земјата

Германски генерал: Светот се распаѓа по рабови – ако е во можност, Путин ќе употреби воена сила врз Европа

А1он

Харт: Берлин е против територијални компромиси во Украина

Украинците ги обучуваат германските копнени сили