Германските радикални десничари се вооружуваат, предупредува владин извештај

Од:

Во Германија во 2020 година забележан е голем пораст на издавање на дозволи за носење на огнено оружје за регистрираните припадници на радикалната десница, соопшти германската Влада.

Кон крајот на минатата година, 1.200 припадници на радикалната десница легално поседувале огнено оружје, што е за 35 проценти повеќе во споредба со 2019 година.

Припадниците на движењето Граѓани на Рајхот, кои не ја признаваат Германија во сегашната форма, поседуваат 528 дозволи за носење на огнено оружје, се вели во извештајот.

Германското Министерство за внатрешни работи соопшти дека трендот на зголемување на легално вооружените припадници на десницата треба да се поврзе со растот на бројот на нејзини членови. Кон крајот на 2019 година според германското МВР имало 32.080 екстремни десничари, од кои околу 13.000 се окарактеризирани како насилни.

Во Германија може да се добие дозвола за поседување на ловечко или спортско оружје, кое може да се носи само при одење во лов или при посета на стрелиште. Од минатата година германското МВР секоја трета година проверува дали лицата со дозвола ги исполнуваат условите за поседување на оружје, вклучително и проверката на припадност на лицата на некои од забранетите организации, кои се наоѓаат на листата на германското Биро за заштита на уставниот поредок.

Би можело да ве интересира

САД: Забраната за продажба на оружје на млади од 18 до 20 години е неуставна

Горан Наумовски

Шолц: Правото на азил е составен дел на германскиот правен и вредносен систем

Горан Наумовски

НАТО се обидува да го зголеми производството на оружје на своите членки

Кривична пријава за таткото на петнаесетгодишникот што управувал со автомобил во кој е пронајдено оружје

А1он

Петнаесетгодишник управувал со автомобил во кој е пронајдено оружје, поведена истрага против таткото

(ВИДЕО) Напаѓач со нож уби маж и дете, а рани неколкумина во Германија

Горан Наумовски