Германските осигурителни компании лани исплатиле 100 милиони евра за украдени велосипеди

Од:

Германските осигурителни компании минатата година исплатиле 100 милиони евра за украдени велосипеди, што е 10 отсто повеќе отколку една година претходно.

– Исплатената отштета за едно лице изнесува просечно 490 евра, изјавил шефот на одделот за управување со ризици при Германскиот сојуз за осигурување, Александер Коесел.

Осигурителните компании ги надополниле штетите за 210.000 украдени велосипеди, што е најголем број во последните пет години. Полицијата истовремено регистрирала 340.000 кражби на велосипеди, што е пораст од 7,2 отсто. Од овие случаи решени се само 9,6 проценти.

Би можело да ве интересира

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија