Германските нудисти непожелни туристи

Од:

Ги окупираат лежалките на плажа, гласно ппијат пиво во баровите, белите чорапи – доколенки ги дефинираат како луѓе со чуден вкус за мода, скржави на бакшиш – ова се само дел од квалитетите кои ги красат германските туристи.

Но, се чини она што најмногу им пречи на земјите домаќини кај оваа нација е што германските туристи се и секогаш првите што на плажа ќе прошетаат како од мајка родени. Оваа нација просто обожава да се сочна топлес.

Според последните истражувања на туристичките асоцијации, се чини токму ова последното ги става во графата најнепожелни гости.

Истражувањето за навиките на туристите покажало дека Германците најверојатно се оние кои први ќе се соблечат голи на плажа за да дојдат до совршен тен. Дури 15 проценти од испитаниците признале дека минатото лето шетале без костим за капење. Тоа се скоро двојно повеќе луѓе од второпласираните земји Шпанија и Индија, каде само 8 проценти се изјасниле дека биле нудисти минатото лето.

Само 2 проценти пак од Британците, кој ги краси етикетата конзервативни, одговориле дека не носат костими за капење. Анкетата опфатила приближно 9 илјади испитаници во 21 земја.

Би можело да ве интересира

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија