Германски научници предупредуваат дека се создава преголема еуфорија околу вакцината против Ковид-19

Од:

Експертите од германскиот државен Епидемиолошкиот институт Роберт Кох денеска предупредија на прекумерната еуфорија поради вакцината против Ковид-19, истакнувајќи дека поради разни неопходни проверки вакцинацијата би можела да потрае и подолго од една година.

– Ќе ни треба време за прецизна анализа за пуштање на вакцината и дури потоа ќе дадеме свое мислење, а потоа ќе уследи испорака на вакцината, изјави претседателот на Постојаната комисија при Институт Роберт Кох, Томас Мертенс.

Претседателот на Комисијата, која во Германија дава препорака за вакцините нагласи дека вакцинацијата на Германците можеби ќе трае целата следна година.

– Не можеме да извршиме вакцинација за една година: ако дневно, пет или шест дена неделно вакцинираме од 150.000 до 200.000 граѓани, секако под услов да имаме вакцини, доаѓаме до заклучок дека за 15 милиони граѓани потребни ни се 100 дена, истакна Мертенс.

Според анкетите над 50 проценти од 83 милиони Германци се подготвени да се вакцинираат против Ковид-19.

Вакцината во Германија нема да биде задолжителна.

Би можело да ве интересира

Шолц: Правото на азил е составен дел на германскиот правен и вредносен систем

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Напаѓач со нож уби маж и дете, а рани неколкумина во Германија

Горан Наумовски

„Црниот мраз“ ја парализира Германија: Повеќе од 260 сообраќајки, затворени училишта и патишта

AfD подели илјадници лажни авионски билети на мигрантите за депортација

Ако не е произведено во Дубаи, не смее да се рекламира како „Дубаи чоколадо“, реши суд во Германија

Автобуска несреќа во Германија: Најмалку двајца загинати, има многу тешко повредени