Германскиот здравствен систем засега се справува со новите случаи, вели министерот за здравство

Од:

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан истакна дека Германија не го надминала „критичниот праг“, поради бројот на нови пациенти од Ковид-19, што повторно надмина 1.000 заболени лица дневно.

– Во моментов се уште сме на ниво со кое здравствениот систем може да се справи, изјави Шпан.

Шпан истакна дека ако сега се стабилизира бројот на одредено ниво, тогаш здравствениот систем нема да има проблем.

– Здравствениот систем може да се справи со бројка од 1.000 нови заразени. Но, ако бројките и понатаму растат тогаш ќе мораме да бидеме свесни, за да не бидат потребни понатамошни мерки, изјави Шпан.

Според податоците на Институтот Роберт Кох во Германија, по три месеци бројот на новозаразени повторно надмина бројка од 1.000 лица на дневно ниво.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски