Германскиот Уставен суд за еднаквост помеѓу хетеросексуалните и хомосексуалните

Од:

Уставниот суд на Германија денеска ја прогласи за противуставна законската одредба, со која хомосексуалните двојки немаа право на даночни олеснувања, какви што важеа за хетеросексуалните бракови.

Партнерите во хетеросексуалните бракови се ослободени од данокот при продажба на недвижен имот. Законот за данок беше променет во 2010 година така што хомосексуалците со регистрирано граѓанско партнерство исто така беа ослободени од таквиот данок.

Двајца мажи, разведени во 2009 година поднесоа барање до Уставниот суд ослободувањето од данокот при продажба на имот да важи и пред 2010 година.

Германскиот Уставен суд одлучи дека различното третирање на хетеросексуалните и хомосексуалните двојки до 2010 година нема законско оправдување и го крши Уставот.

Би можело да ве интересира

Новата германска влада подготвува казна за Орбан

Германскиот парламент почнува со работа, АфД за прв пат најсилна опозиција

ВИДЕО: Во Берлин трет неонацистички собир, се собраа и контрадемонстранти

ВИДЕО: Се урна мал авион во Германија, од остатоците извлечено шестгодишно девојче

Захарова: Москва нема намера да ја нападне Германија

Мерц се обидува да добие поддршка од Зелените за измени на законот за ограничување на долгот