Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер не ја прифати поканата на министерот за здравство Јенс Шпан да се вакцинира со вакцината на „Астра зенека“.
– Мојот одговор на повикот на Шпан е „не“. Не дозволувам никој да ми го наметнува своето мислење, изјави Зехофер за Билд, притоа наведувајќи дека не сака да ја оценува таа вакцина.
Министерот Шпан на последната владина седница ги повика сите свои колеги постари од 60 години да се вакцинираат со вакцината на „Астра зенека“, со цел да се зголеми довербата во таа вакцина.
Покрај Зехофер, повикани се и канцеларката Ангела Меркел, вицеканцеларот и министер за финансии Олаф Шолц, министерот за економија Питер Алтмајер и министерот за развој Герд Милер.
Шпан ги повика и покраинските премиери да се вакцинираат со „Астра зенека“, со цел да се зголеми разнишаната доверба на граѓаните во оваа вакцина.