Германскиот канцелар тврди дека не затајувал данок

Од:

Германскиот канцелар Олаф Шолц, за време на сослушувањето пред истражната комисија на Сенатот во Хамбург, уште еднаш се ослободи од одговорноста во врска со скандалот со даночно затајување на Хамбуршката приватна банка Варбург.

„Немав никакво влијание врз настаните поврзани со даночната пријава против банката Варбург“, рече Олаф Шолц (Социјалдемократската партија на Германија СПД).

Во неговото постојано сведочење пред истражната комисија на Сенатот на градот-држава Хамбург, тој негираше дека политиката имала какво било влијание врз настаните околу казната за даночно затајување во случајот со приватната банка Варбург.

Истражната комисија веќе две години се обидува да одговори на прашањето дали високи функционери на градот Хамбург се обиделе да влијаат врз приватната банка Варбург да се ослободи од враќањето на неправедно платените даноци на државата кои биле платени од финансиските администрации во т.н Скандал „cum-ex“ каде банките им помагаа на своите клиенти да избегнат данок на добивката од дивиденди.

Поточно, станува збор за неколку средби на канцеларот Олаф Шолц со претставници на банката Варбург во 2017 година, кога Шолц беше градоначалник на Хамбург.

„Никаде нема ни најмала индикација дека имало некакви преговори меѓу врвот на Хамбург и приватната банка“, рече Шолц. Тој истакна дека банката подоцна ја платила казната во целост и дека градот Хамбург „не претрпел ни најмала штета“.

Шолц изрази надеж дека по ова сведочење „ќе престанат обвинувањата кои не се засноваат на факти“. Пред тоа опозицијата го критикуваше односот на Шолц кон овој скандал и изрази сомнеж за кредибилитетот на канцеларот.

Би можело да ве интересира

Непопуларниот германски канцелар е избран од партијата да се кандидира за втор мандат

Олаф Шолц: Ставовите на Путин за војната во Украина не се променети

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Шолц ќе побара гласање за доверба на владата на 11 декември

Разговараа Трамп и Шолц

Катерина Ѓуровски

Шолц го повика Иран да го прекине „циклусот на ескалација“ по израелските напади утринава

А1он