Германскиот канцелар се повреди на трчање

Од:

Германскиот канцелар Олаф Шолц претрпел полесна повреда на лицето кога утринава паднал додека џогирал, принудувајќи го да ги откаже обврските за викендот, изјави владината портпаролка. „Тој падна додека трчаше и има модринки на лицето“, изјави портпаролката за AFP. „За жал, тој мораше да ги откаже своите состаноци“, додаде таа.

Социјалдемократскиот канцелар требаше да учествува на политички митинзи за поддршка на кандидатите на неговата партија во светло на регионалните избори закажани за следниот месец во Хесен. Министерката за внатрешни работи Ненси Фезер ја предводи листата на Социјалдемократите (СПД) за овие избори во Хесен.

Олаф Шолц се трча веќе неколку години. Трчам два, три пати неделно и во недела по час и половина“, рече тој пред неколку години во едно интервју.

Повредата нема да му го наруши распоредот за следната недела.

Би можело да ве интересира

Владата на германскиот канцелар Олаф Шолц и официјално поднесе оставка

А1он

„Нема да има наметнат мир за Украина“, вели Шолц

Шолц сака да остане член на Бундестагот

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Шолц ги повика Германците да гласаат

А1он

Шолц по состанокот во Париз: ЕУ и САД не треба да се делат околу мировните преговори за Украина

А1он