Германски полицаец загина, а друг е тешко повреден додека го обезбедувале Виктор Орбан

Од:

Еден германски полицаец загина додека друг е тешко повреден во сообраќајна несреќа во Штутгарт додека го придружувал унгарскиот премиер Виктор Орбан до аеродром.

Орбан се враќаше од натпреварот меѓу Унгарија и Шкотска кој се одигра во неделата на Европското фудбалско првенство кое се одржува во Германија. Инцидентот се случил во понеделникот наутро додека мотоциклистичката екипа на сообраќајната полиција го спроведувала Орбан до аеродромот.

Германските медиуми јавуваат дека возачот на автомобилот, кој не знаел дека раскрсницата е затворена за сообраќај, се обидел да сврти, но се судрил со полицаец на мотор.

Од силината на ударот мотоциклот на полицаецот (61) бил фрлен врз мотоциклот на неговиот помлад колега. Постариот полицаец од здобиените повреди починал во болница, додека помладиот е тешко повреден.

– Длабоко сме шокирани од несреќата на нашите колеги. Трагичните околности на смртта на нашиот ценет колега не оставија без зборови и ја погодија целата полиција во Штутгарт до срж – изјави началникот на локалната полиција.

Би можело да ве интересира

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц

Орбан: Интеграцијата на Украина во ЕУ би го попречила развојот на Унгарија

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати

Мерц: Украина не треба да влезе во НАТО или во ЕУ додека е во војна со Русија

Орбан: Луѓето кои работат против интересите на Унгарија во Брисел треба да исчезнат од јавниот живот

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ