Германски министер: Ќе плаќаме високи цени за гасот барем уште една година

Од:

Германските потрошувачи ќе плаќаат високи цени на гасот најмалку уште една година, а решението е инфраструктурата за течен гас, изјави министерот за економија Роберт Хабек.

„Ќе мораме да издржиме повисоки цени и во следната година“, изјави Хабек за агенцијата dpa. Тие треба да паднат кон крајот на 2023 година, кога треба да биде завршена инфраструктурата неопходна за замена на рускиот гас, но не под нивото од 2021 година, предупреди министерот.

Инфраструктурата потоа треба дополнително да се прошири, нагласи Хабек.

„Цените се високи затоа што Путин го прекина снабдувањето што сочинуваше половина од потрошувачката на Германија, а немавме инфраструктура за снабдување, освен гасоводи“, тврди тој.

Би можело да ве интересира

Новата германска влада подготвува казна за Орбан

Германскиот парламент почнува со работа, АфД за прв пат најсилна опозиција

ВИДЕО: Во Берлин трет неонацистички собир, се собраа и контрадемонстранти

ВИДЕО: Се урна мал авион во Германија, од остатоците извлечено шестгодишно девојче

(ВИДЕО) Експлозија во регионот Курск, оштетен e гасоводот кон Европа

Захарова: Москва нема намера да ја нападне Германија