Германски компании цел на сајбер напади: Штетата над 200 милијарди евра

Од:

Злосторствата во сајбер-просторот, кои вклучуваат кражба на ИТ опрема и податоци, како и дигитална и индустриска шпионажа и саботажа, годинава ќе ја чинат Германија 206 милијарди евра, објави германското дигитално здружение Битком.

Овој резултат е добиен врз основа на истражување на повеќе од 1.000 германски компании, а штетата трета година по ред ќе надмине 200 милијарди евра, пренесува Ројтерс.

– Германската економија е многу атрактивна цел за криминалците и непријателските држави, а границите меѓу криминалците и актери контролирани од државата се нејасни – изјави претседателот на Битком, Ралф Винтергерст.

Приближно три четвртини од анкетираните компании беа цел на дигитални напади во последните 12 месеци, што е намалување од 84 отсто една година порано.

– Малото намалување на бројот на компании кои беа погодени од дигитални напади е позитивен сигнал, што покажува дека мерките за заштита имаат смисла – рече Винтергерст.

Пред една година овој процент беше 45 отсто, а пред две години само девет отсто. Од компаниите кои претрпеле сајбер напади, 70 отсто од компаниите наведуваат дека им биле украдени чувствителни податоци, а 61 отсто дека некој ја шпионирал нивната дигитална комуникација.

Би можело да ве интересира

Сајбер напад врз компјутерскиот систем на Меѓународниот кривичен суд во Хаг

Хакери го нападнаа Лас Вегас

Полска истражува хакерски напад врз железничката мрежа на земјата

Мајкрософт: Кинески хакери упаднаа во мејловите на американската влада

Кинески хакери осомничени за хакирање на стотици организации ширум светот

A1 Македонија успешно ја организираше A1SecuriThink – конференција за сајбер безбедност