Германски гигант по половина век се извини за предизвикување аномалии кај новороденчињата

Од:

Германски фармацевтски гигант конечно по 50 години се извини за производството на опасни лекови со кои предизвика сериозни проблеми кај децата чии мајки ги пиеле тие лекови за време на бременоста.

Лекот „thalidomide“ предизвика сериозни деформитети и последици кај илјадници бебиња, вклучувајќи и кратки екстремитети, а на мајките им бил препишуван од лекарите како олеснително средство против утринската мачнина. Многу брзо станало јасно дека лекот е „неуспешен“ и дека постојат сериозни несакани ефекти, но некои деца веќе биле родени со намаленн вид, слух или други посериозни аномалии.

Лекот бил повлечен од пазарот 1961 година, а за јавно извинување компанијата „Gruenenthal“ чекаше дури 50 години.
Извршенниот директор Харалд Сток рече дека жали за се што им направил лекот на новороденчињата, но и за тоа што неговата компанија повеќе од половина век се обидувала да го прикрие случајот.

Повеќе од 10.000 деца се родени со деформитети поради користењето на овој лек. Околу 7.500 од нив починале пред своето полнолетство.

Би можело да ве интересира

Мерц оптимист пред изборите во Германија: Левицата е готова

А1он

Политико: Германската крајна десница користи вештачка интелигенција за да освои гласови

„Билд“: Напад кај споменикот на Холокаустот во Берлин, едно лице е тешко повредено

Германија: Не смееме сега да згрешиме и да му направиме услуга на Путин

Катерина Ѓуровски

И Германија е подготвена да испрати мировни трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски