Германската влада предлага одземање на личните карти на исламски екстремисти

Од:

Германската влада денеска усвои предлог со кој се одобрува властите да ги одземаат личните документи на исламските екстремисти во Германија и со тоа да ги спречат да заминат за Ирак, Сирија или други кризни подрачја.

Новиот предлог на Владата дава право на властите да одземат национални лични карти до три години, а лицата на кои се однесува да им биде дадена привремена замена за лична карта, со која немаат право да ја напуштат Германија, јави Танјуг.

Претходно беше дозволено властите да одземаат пасоши, но службениците немаа овластување да одземаат и лични карти, што Германцие многу почесто ги користат за патување во други држави и надвор од ЕУ.

Усвоениот предлог на германската влада е во фаза на изработка уште од октомври минатата година и треба да биде одобрен од парламентот.

Според германските власти околу 550 лица од Германија заминале во Сирија и Ирак да се борат на страната на екстремистичките групи.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија