Германската полиција го пронајде бебето на убиената жена од Украина

Од:

Бебе е спасено од киднаперите кои, како што се сомневаат истражителите, ја убиле мајката на бебето, Маргарита (27), а засега нема трага од нејзината мајка Марина (51).

На 7 март германската полиција пронашла тело на млада жена во Хохенхајм, при што било утврдено дека Маргарита починала од нанесени повреди. Полицијата веднаш почнала да трага по нејзината ќерка и бабата на девојчето.

Детето било пронајдено на 13 март, а со ДНК тестот било утврдено дека дефинитивно се работи за малата Миа.

Како што пренесува Билд, полицијата привела руски државјанин (43) и Германец (44), кои се осомничени за киднапирање и најверојатно убиство.

Медиумите јавуваат дека убиената Маргарита и нејзината мајка Марина се украински државјани.

Би можело да ве интересира

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати

Мерц: Украина не треба да влезе во НАТО или во ЕУ додека е во војна со Русија

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува

ЦСУ го одобри коалицискиот договор со ЦДУ и СПД