Германската „нацистичка баба“ осудена на 10 месеци затвор

Од:

Урсула Хавербек, 87-годишна Германка, која тврдеше дека Холохаустот е „најголема лага во историјата“ денеска беше осудена на 10 месеци затвор, јави дописникот на МИА од Берлин.

Пред Судот во Хамбург, Хавербек го повторила своето тврдење дека никогаш „не било историски докажано“ оти Аушвиц бил логор на смртта.

Според жената, која германските медиуми ја нарекуваат „нацистичка баба“, тоа е само верување кое никој не го докажал.

Судот оцени дека Хавербек е ноторен екстремист, кој порано била прв човек на десничарски тренинг центар затворен поради ширење на нацистичка пропаганда.

Хавербек беше обвинета за ширење омраза и предизвикување нереди, откако во април на телевизиска емисија на државната телевизија изјави дека „холокаустот е најголемата лага во историјата“.

Судијата, кој ја осуди на 10 месеци затвор, Бјорн Јонесон вели дека е безпредметно да се дебатира со некој кој не може да прифати факти.

На судењето Хавербек била поддржана од десетина десничарски активисти, кои беа дел од публиката за време на процесот.

Над еден милион луѓе, најголем дел од нив европски Евреи, беа убиени меѓу 1940 и 1945 година во логорот „Аушвиц-Биркенау“. Вкупно над шест милиони Евреи беа убиени за време на нацистичка Германија.

Би можело да ве интересира

„Црниот мраз“ ја парализира Германија: Повеќе од 260 сообраќајки, затворени училишта и патишта

AfD подели илјадници лажни авионски билети на мигрантите за депортација

Ако не е произведено во Дубаи, не смее да се рекламира како „Дубаи чоколадо“, реши суд во Германија

Автобуска несреќа во Германија: Најмалку двајца загинати, има многу тешко повредени

АфД ја именуваше Алиса Вајдел за свој кандидат за канцелар на претстојните избори

Протести против АфД во Германија, полицијата употреби солзавец против демонстрантите