Германската академија на науките предлага делумно отворање на училиштата

Од:

Германската академија на науките денеска препорача дека Владата може да отвори дел од училиштата, ако се почитуваат правилата за хигиена, со цел да се ограничи ширењето на новиот коронавирус.

Според Академијата, обновата на работата на дел од училиштата ќе помогне во воспоставување на општествениот живот, но предупреди дека бројот на новозаразени треба да остане мал.

Академијата, исто така, препорачува граѓаните во јавниот превоз да носат маски, како и предлози за постепено враќање во нормалниот живот односно отворање на продавниците, рестораните и владините канцелариии друго.

Во Германија регистрирани се 124.189 луѓезаразени со новиот коронавирус, од кои 2.834 починале.

Според анкетите поголемиот број на Германци се против укинување на ограничувањата за патувања, што беа воведени со цел да се запре ширењето на Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ