Германска телевизија повторно ја емитуваше сатиричната песна за Ердоган

Од:

Германската телевизија „NDR“ во знак на протест, повторно ја емитуваше сатиричната песна за турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, што веќе беше критикувана од официјална Анкара, информираат француските медиуми.

„Можеби Ердоган не ја разбрал песната? Затоа еве ја повторно и со превод на турски јазик“, посочи синоќа Кристијан Ејринг, водител на емисијата „Екстра 3“ на телевизијата „NDR“, што се емитува во северниот дел на Германија.

Германскиот амбасадор во Анкара, Мартин Ердман, по првото емитување на песната, на 17 март, беше повикан во турското Министерство за надворешни работи. Песната го осудува авторитарното владеење на претседателот Ердоган.

Телевизијата остро протестираше откако германското МНР задоцни со реакцијата во врска со случајот.

Германските власти чекаа до средата за и официјално да подвлечат дека слободата на печатот и на мислењето не подлежи на разгледување.

Портпаролката на германската Влада, Кристијане Вирц, изјави дека не гледа дополнителна причина пак да се зборува со Турција за ова прашање. Таа додаде дека емитувањето е дел од „германскиот медиумски пејсаж“, позиција која била изложена и пред турските власти.

Германските медиуми, меѓутоа, не се задоволија со овој одговор на Владата. Весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ во својот редакциски коментар ја изрази својата раздразнетост од фактот дека Берлин реагирал „со задоцнување“.

Германскиот канцелар Ангела Меркел се смета за главниот иницијатор на спорниот план меѓу ЕУ и Турција, што има за цел запирање на миграцискиот прилив  и во последните месеци ги засили настапите на добра волја кон Анкара и покрај авторитарното владеење на турскиот претседател.

Водителот на емисијата „Екстра 3“, во неговата реакција,  не пропушти да ја подвлече воздржаноста на германската Влада.

-Ако Ердоган сака да слушне критики, треба да слуша „Екстра 3“, но ако не сака критики, подобро е тој поскоро да се сретне со канцеларката, рече водителот.

Би можело да ве интересира

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија