Германска полиција: Политички е мотивирана саботажата на железницата

Од:

Претставници на германските државни безбедносни служби претпоставуваат дека политички мотивирана е саботажата што се случи викендов на основните комуникации на железничката мрежа во северниот дел на Германија, изјави денеска портпаролот на полицијата во градот Бохум.

– Формиравме голем истражен тим во државната безбедност, кој работи со максимална брзина на расчистување на мотивацијата за злосторството, изјави за германската новинска агенција ДПА локален функционер од градот Рур.

Додека Службата за државна безбедност во Бохум ја истражува саботажата на оптичките кабливо градот Херне. Исто така се истражува и сличен инцидент во регионот на Берлин.

Каблите неопходни за комуникациите со возот беа намерно оштетени во Херне и Хоеншонхаузен во Берлин во саботата наутро, поради што со часови беше парализиран железничкиот сообраќај низ северна Германија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

Дете загина во експлозија на нагазна мина во регионот Белгород

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Данска ќе испрати војници на обука во Украина