Германска полиција: Европа да создаде транснационална база на податоци заради следење на исламистите

Од:

Европа треба да создаде транснационална база на податоци за да ги следи подобро исламистите кои можеби се вратиле од Ирак и Сирија, побара началникот на германската криминалистичка полиција Холгер Мјунх, премнесува БТА.

Тој предупреди дека европските ИТ структури во областа на безбедноста се недоволни.

Само околу половина од 28-те земји членки на ЕУ автоматски споредуваат отпечатоци и ДНК профили, вели Мјунх

– Неопходно е да станеме побрзи и подобри во тоа. Земјите од ЕУ мора да работат заедно преку заедничка транснационална мрежа на податоци, повика тој.

Германскиот полициски началник изрази загриженост од формирањето на мрежа од џихадисти, кои се вратиле во голем број европски држави. – Овие луѓе се запознале во Ирак или Сирија и одржуваат контакти и врски тука во Европа, истакна Мјунх.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија