Германска партија против еврото влегува во Бундестагот

Од:

Првпат нова германска партија која е против еврото, Алтернатива за Германија достигна неопходен цензус од пет отсто гласови за влез во парламентот, покажуваат најновите анкети на ИНСА.

Тоа укажува дека канцеларот Ангела Меркел можеби нема да може повторно да формира коалиција на десниот центар по изборите в недела на 22 септември, анализираат западни медиуми.

Според најновата анкета, конзервативците на Меркел имаат 38 отсто гласови од избирачите додека Либералите имаат шест отсто што е вкупно 44 гласови, еден процентен поен пониско од вкупниот збир на три партии од левиот центар.

Опозициските Социјалдемократи имаат според анкетата, 28 отсто гласови, Зелените осум проценти и тврдокорните левичари девет отсто гласови од избирачите.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија