Германска компанија до 2030 ќе ги затвори сите електроцентрали на јаглен

Од:

Германската енергетска компанија „RWE“ денеска соопшти дека има намера до 2030 година односно осум години пред планираното да прекине со користењето јаглен за производство на електрична енергија.

„Ќе го завршиме производството на електрична енергија од јаглен до 2030 година, односно двојно побрзо од предвиденото“, изјави пред медиумите директорот на „RWE“ Маркус Кребер.

Министерот за економија Роберт Хабек истакна дека на тој начин ќе се заштеди емисија на 280 милиони тони јаглерод диоксид.

Меѓутоа, светските агенции потсетуваат дека соочена со енергетската криза во Европа по драстичното намалување на испораките руски гас, компанијата „RWE“ најави привремено зголемување на употребата на лигнит и на кафеав јаглен, што се големи загадувачи.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

13 годишно девојче нападнато од осуммина и силувано на базен во Келн

Предраг Петровиќ

26 полицајци се повредени на еритрејски културен фестивал во Штутгарт

Убиство во Германија: Ја уби сопругата, а нејзиното тело го криеше во торба

(ВИДЕО) Силно невреме во Германија: Ветер урна шаторот, триесетина се повредени

Тинејџер избоде со нож момче во училиште во Германија, а потоа се самозапали

(ВИДЕО) Германија по силниот дожд: Поплавени се улици, аеродром, метро…

Горан Наумовски