Германија забранува генетски модифицирани житарки

Од:

Германската Влада денеска одобри Предлог-закон за забрана за одгледување на житарки со генетски модифицирани клетки (ГМО), соопшти неименуван владин претставник.

Како што дописникот на МИА од Берлин, во септември оваа година Кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел најави дека ќе забрани одлгедување на ГМО житарки согласно новите правила на Европската Унија, која им дозволи на своите членки да го забранат овој вид на храна.

Според европската легислатива, усвоена лани, земјите-членки имаат право да дозволат одлгедување на ГМО житарки, но во исто време дава простор земјите да воведат забрана за генетски мидифицирана храна. Според истражувањата на ЕУ, ГМО храната не е штетна за конзумирање од страна на луѓето и животните.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија