Германија забрани неонацистичка организација

Од:

По полициските претреси спроведени денеска во 10 сојузни покраини, германските власти ја забранија организацијата „Терор тим Бели волци“.

Според полицијата, која во акцијата пронашла и запленила оружје, пропагандни материјали и носачи на дигитални податоци, оваа неонацистичка група работела против уствното уредување на Германија.

– Оваа група на неофашисти отворено ширела омраза против нашата земја, нашето општество, против луѓе со поинакви политички ставови, против мигрантите и против полицијата. Групата застапувала национал-социјализам и барала воведување диктатура базирана на тој модел, изјави денеска министерот за внатрешни работи на Германија, Томас де Мезиер.

Според службите за безбедност, групата е активна низ цела Германија од 2014 година, а нејзините членови се залагаат за „воведување на национал-социјализам со сите расположиви средства“.

Мезиер нагласи дека забраната на групата е јасен и силен сигнал против десничарскиот екстремизам и чекор кон спречување на говорот на омраза во земјата.

Организацијата „Терор тим Бели волци“. е формирана како клуб за поддршка на скинхед бендот „Бели волци“ во 2008 година, по што се трансформирала во група која пропагира екстремно десничарска идеологија и насилство.

Групата во 2014 година се соочи со забрана откако беше обвинета за формирање тим на командоси за уривање на германскиот политички систем и за терористички активности, но Судот го отфрли барањето на Обвинителството поради недостиг на докази.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија