Германија враќа антиквитети со непроценлива вредност во Африка

Од:

Германските власти соопштија дека повеќе предмети со непроценлива вредност земени од Африка за време на колонијализмот, ќе бидат трајно вратени назад.

dobivaj vesti na viber

Германската државна Фондација за пруско културно наследство објави дека одборот директори на агенцијата одобрил враќање на антиквитети во Камерун, Намибија и Танзанија. Статуа затворена со школка, на пр., којашто ја претставува мајката божица Нгонсо, е еден од одземените предмети и ќе биде му вратена во Камерун. Статуата е дел од колекциите на Етнолошкиот музеј во Берлин од 1903 година. Неа „ја подарил“ германски колонијален офицер, кој ја зел статуата од народот Нсо од северозападен Камерун.

Во Намибија трајно ќе бидат вратени 23 антиквитети. Од 1884 до 1919 година таму биле однесени накит, алатки, орудија и облека. Предметите претходно биле испратени на проучување, назад во Намибија, но сега трајно ќе останат во таа земја.

И во Танзанија, предмети запленети во воените судири на почетокот на 20. век, исто така, ќе бидат вратени.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Германија ќе загуби 265 милијарди долари до 2030 година поради војната во Украина

А1он

Одбиено барањето за исклучување на Шредер од СПД

Ана Ололовска

Германија од октомври со нови мерки за третата есен од пандемијата

А1он

ЕУФОР: Почнува распоредувањето германски војници во составот во БиХ

А1он

Германските резерви на гас пополнети 70 отсто и покрај намалените испораки од Русија

А1он

Голем шумски пожар во Берлин при експлозија во складиште за полициско оружје

А1он