Германија воведува контроли на своите граници

Од:

Од понеделник, 16 септември, Германија воведува привремени контроли на сите нејзини копнени граници, соопшти Министерството за внатрешни работи на земјата.

„Покрај постојните привремени внатрешни гранични контроли на копнените граници со Австрија, Швајцарија, Чешка и Полска, Федералното Министерство за внатрешни работи нареди привремени контроли на внатрешните граници на копнените граници со Франција, Луксембург, Холандија, Белгија и Данска за период од шест месеци за што е известена Европската Комисија“, се наведува во соопштението.

Покрај тоа, постои можност за одвраќање на луѓето на сите германски копнени граници во согласност со европското и националното право.

Би можело да ве интересира

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати

Мерц: Украина не треба да влезе во НАТО или во ЕУ додека е во војна со Русија

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува

ЦСУ го одобри коалицискиот договор со ЦДУ и СПД