Германија: Весник објави само прашања без одговори, поради несогласување на партијата со одговорите на лидерот

Од:

Весникот „Тагесцајтунг“ денеска објави интервју со германскиот министер за економија и технологија и претседател на Слободната демократска партија (СДП) Филип Рослер само со прашања без одговори.

Лидерот на СДП, која влегува во составот на владејачката коалиција во Германија, одговорил исцрпно на сите прашања во интервјуто, што траело околу еден час. Но, според главниот уредник на „Тагесцајтунг“ Инес Пол, прес-секретарот на СДП Петер Блехшмит одбил интервјуто со лидерот на партијата да биде објавено во целост.

Според Блехшмит, Рослер секогаш е подготвен да зборува за теми од лична природа. Тој нагласува дека, весникот во интервјуто се фокусирал на омразата кон странци и појавите на расизам во Германија, поради што партиското раководство одлучило интервјуто да не биде публикувано.

Весникот не се противел на одлуката и ги објавил само прашњата на политички теми, додека другите ги објавил празни без одговори.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија