Германија: Страв од мигранти од Бугарија и Романија

Од:

Извештај од германската Асоцијација на градови раскажува за проблеми со нелегално работење, непознавање на германскиот јазик меѓу деца кои се школуваат и зголемен организиран кримина откако мигрантите пристигнаа.

Во Берлин, Хамбург, Дортмунд и Хановер е зголемена економската миграција од Бугарија и Романија од 2006 година, и велат дека се борат за да се справат со нив. Извештајот вели дека градовите се соочуваат со големи трошоци како резултат на миграцијата. Повикана е канцеларката Ангела Меркел за овозможи финансиска помош, пишува, Дејли Меил.

„Социјалната рамнотежа и социјалниот мир е екстремно загрозени“, стои во извештајот.

Во исто време и Англија покажува страв од миграцијата на бугарите и романците. Извештај од англиската група за кампањи Миграциски надзор предупредува дека секоја година 70 илјади мигранти може да пристигнат од овие две земји.

Меѓутоа романскиот амбасадор, Ион Џинга, вели дека поверојатно е романците да мигрираат во земји како Шпанија, Италија и Франција поради лингвистичките сличности.

Откако Романија и Бугарија и се придружија на ЕУ во 2007 година, во Британија се воведе годишна квота за ограничување од 25 илјади. Но, под законите на ЕУ за слободно движење, дражвата не смее да става забрани за самовработените.

Во Германија веќе има повеќе од 90 илјади бугари и 159 илјади романци, како и во Британија. Мигрантите не смеат легално да работат до 1ви јануари, освен ако не се прогласат за самовработени.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија