Германија со закани до членките на ЕУ што одбиваат да примат бегалци

Од:

Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер им се закани со правни последици на земјите членки на ЕУ кои што одбиваат да ја спроведат одлуката за прием на бегалци согласно договорот за квоти.

Во интервју за весникот „Шпигел“ Штајнмаер вели дека доколку проблемот не може да биде решен поинаку, тој ќе мора да се решава преку правни канали затоа што според него „Европа е заедница на законот“.

Шефот на германската дипломатија директно ги повика Словачка и Унгарија, кои најавија правна акција против европскиот систем на квоти за распределба на 160 илјади бегалци во членките на ЕУ. Официјална Братислава според добиените квоти треба да прими околу 2.300 мигранти, кои во најголем дел воопшто не сакаат да останат таму и најчесто продолжуваат кон Германија.

Во своите пораки Штајнмаер ги повтори пораките на Меркел и другите германски претставници според кои „европската солидарност“ не е еднонасочна улица и дека сите што одбиваат да примат бегалци мора да знаат дека се соочуваат да го променат системот на отворени граници во ЕУ. Тоа индиректно значи дека и Германија еден ден доколку состојбите не се променат би можела да го запре приемот на граѓани од Словачка, Унгарија и другите членки кои што не ги почитуваат договорите на Унијата.

Лидерите на ЕУ на самитот завршен вчера се договорија до јуни да биде зголемен капацитетот на граничните и поморските гранични сили со цел да се спречи приливот на бегалци на своите надворешни граници.

Претходно ЕУ вети околу три милијарди евра помош за Турција која што треба да го забави приливот на бегалци од нејзина на територија на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија